Услуги
ИСТРАЖУВАЧКИ МЕТОДИ КОИ ГИ НУДИМЕ
ИСТРАЖУВАЧКИ МЕТОДИ КОИ ГИ НУДИМЕ
Квантитативните истражувања се евалуативен истражувачки пристап кој преку структурирани прашања и релијабилни статистички резултати дава увид во мислењата и ставовите на луѓето
Квантитативните истражувања даваат податок за тоа колкав процент на луѓе мислат, чувствуваат или се однесуваат на одреден начин и користат статистички анализи за одредување на резултатите
Вклучува поголем број на испитаници
Примерокот е репрезентативен за популацијата од интерес:
- општа популација - сите граѓани на државата
- all citizens of the state
- специфична категорија на граѓани
- специјализирани
таргет групи во зависност од потребите на клиентот
Типови на квантитативни истражувања кои ги нудиме:
PAPI (молив и хартија) – интервјуерот ги забележува одговорите на испечатен прашалник Лице в лице Телефонско
CATI - Телефонска анкета со примена на CATI систем (Computer Assisted Telephone Interview)
Излезна анкета – анкети спроведени со граѓани внатре/ надвор од продажно место/ институција/ гласачко место
On-line анкета
Квалитативното истражување е длабински истражувачки пристап кој дава увид во тоа што луѓето мислат, чувствуваат и прават и што е најважно која е причината за нивното однесување.
Идентификува свесни и несвесни фактори на мотивација, потреби, емоции и лични перцепции на луѓето
Дава одговор на прашања како:
- Што клиентите мислат и чувствуваат за вашиот производ / услуга?
- Каква е сликата што ја имаат за вашиот бренд / компанија? Каков е вашиот имиџ на пазарот?
- Како клиентите бираат помеѓу различни производи или брендови? Што ги мотивира?
- Како брендот, дизајнот и пакувањето влијаат врз клиентите и на кој начин?
- Кој тип на маркетинг пораки имаат најголемо влијание врз клиентите?
Квалитативното истражување:
Вклучува помал број на испитаници;
Користи полуструктуриран водич за дискусија, прашањата се отворени, а учесниците се охрабрени да ги истражуваат причините за нивните одговори;
Дискусијата може да ги открие скриените гледишта и мотивации, тригерите кои го поттикнуваат однесувањето или факторите кои го блокираат.
Најчесто користени типови на квалитативно истражување:
Групни дискусии (фокус групи)
Длабински интервјуа (in - depth)
Истражувањето Таен клиент (Mystery shopping) претставува истражувачки приод во кој тајни клиенти преку анонимни посети на компаниите/ институциите прават евалуација на услугата на вработените според однапред дефинирани критериуми
Посетите или телефонските јавувања се спроведуваат неочекувано без претходна најава во секојдневни услови кога давателите на услуги (вработените) ги извршуваат редовно работните активности
Основната цел на истражувањето е да се идентификуваат областите каде е потребно подобрување на квалитетот на услугите, транспарентноста и сервисната ориентација кон потрошувачите или корисниците
Desk research е тип на истражување кое вклучува анализа на информации кои веќе постојат/ кои се некаде објавени. Овој тип на истражување е истотака познат и како секундарно прибирање на податоци, кое за разлика од примарното истражување не вклучува прибирање на податоци од интервјуирани лица.
On-line секундарно прибирање на податоци
Објавени владини податоци
Секундарно прибирање на податоци за потрошувачи
Панел истражувањата се лонгитудинален истражувачки дизајн кој обезбедува повторени опсервации на сет варијабли за ист примерок. Тие претставуваат длабински преглед на ставовите, мислењата и навиките на група луѓе и како истите се менуваат со текот на времето.
Потрошувачки панел
Панел за медиумски навики
Евалуација на вести/ кампањи/ интернет портали